Академија Пандев со голема негатива на полувреме против Лехија (ВИДЕО)

Македонскиот фудбалски прволигаш Академија Пандев има негатива од 3-0 на полувреме на гостувањето кај полска Лехија Гдањск во натпревар од 1. коло во квалификациите во „најмладото“ фудбалско натпреварување на УЕФА, Конференциската лига.

Првата шанса ја имаа „пандевци“ уште во 40. секунда од натпреварот кога Митровски одлично биеше, а само милиметри го делеа да донесе водство за нашиот тим.

Уште во шестата минута натпреварот беше прекинат поради инцидент на домашните навивачи кои се истепаа меѓусебно.

Откако беше испразнет делот од трибините на кој се случи инцидентот натпреварот продолжи по пауза од 35 минути. Веднаш по враќањето на теренот „пандевци“ имаа нова можност, овој пат преку Николче Шарковски, а неговиот удар го спречи голманот на домаќините.

Во 17. минута, домаќините сепак успеаја да го начнат голот на струмиачни, откако водство од 1-0 донесе Флавио Паишао. Само осум минути подоцна Зволински ја удвои предноста за домаќините на 2-0. 

До крајот на првиот дел беше и 3-0 откако Флавио Паишао го постигна својот втор гол во 39. минута.

 

Се вчитува...