Академија Пандев со нови договори за двајца фудбалери

Академија Пандев продолжува со формирањето на играчкиот ростер за наредната сезона, за која струмичани повторно ќе можат да сметаат на Бесник Ферати и на Бојан Димовски.

Двајцата фудбалери денеска ги ставија своите потписи на новите договори со струмичкиот прволигаш, според кои Ферати и Димовски во наредните две години ќе го носат дресот на „пандевци“.

Ферати пристигна во Академија Пандев на почетокот од оваа година од редовите на Партизани Тирана, додека Бојан Димовски е дел од „пандевци“ уште од минатото лето, кога пристигна во овој клуб од редовите на Вардар.

Се вчитува...