Академија Пандев со ново засилување од Вардар

Академија Пандев комплетираше уште еден трансфер, откако струмичкиот прволигаш потпиша двогодишен договор со Мартин Мирчевски од редовите на Вардар.

Со тоа, „пандевци“ ја продолжија сопствената традиција за засилување од таборот на „црвено-црните“, тренд што почна откако за тренер го донесоа Александар Васоски, а со него донесоа и неколку фудбалери на Вардар.

Мичевски пред Вардар има настапувано и за Пелистер и за Беласица, a минатата сезона тој беше предводник на подмладениот состав на „вардарци“, кој сепак не успеа да се избори за прволигашки опстанок.

Се вчитува...