Академија Пандев со ново засилување во нападот

Академија Пандев продолжува со засилувањата во пресрет на вториот дел од сезоната, во која струмичкиот тим најавува деканема лесно да се откаже од трката за шампионската титула.

„Пандевци“ денеска го официјализираа доаѓањето на Милан Басрак, 25-годишен напаѓач, кој е роден во Швајцарија. Тој пристигнува во Академија Пандев од српскиот прволигаш Смедерево, а претходно има настапувано и за екипите на Партизани, Катанцаро, Татран Прешов, Напредак Крушевац… Басрак е второто засилување за нападот на Академија Пандев во овој преоден рок, откако претходно беше ангажиран и Ндуе Мујеци.

Поради зголемената конкуренција во овој дел од тимот, „пандевци“ му дозволија на младиот Марио Крстовски да замине на позајмица до крајот на сезонава во екипата на Работнички.

Се вчитува...