Академија Пандев убедливо со 7-0 го совлада Кожуф

Екипата на Академија Пандев имаше успешен пријателски натпревар, откако денеска на својот терен го совлада тимот на Кожуф со убедливи 7-0.

Головите за „Академците“ ги дадоа Трајков, Јанкулов, Крстевски, Абдулаи два, Донов и Галевски.

Ова беше прв „тест“ за избраниците на Александар Васоски по враќањето во Анталија. Таму „Пандевци“ одиграа четири меча и забележаа три порази и една победа.

Се вчитува...