Акинфеев: Не сум јас херој, туку фудбалерите кои гинеа на терен и навивачите на трибините!

Херојот на Русите, голманот Игор Акинфеев повеќе од скромен по крајот на осминафиналната пресметка во која домаќинот ја елиминираше Шпанија на „Лужњики“ во Москва.

Акинфеев е тој кој ги спаси Русите, и со два одбранети удари од белата точка во пенал-рулетот ги однесе меѓу осумте најдобри во светот… Но, ништо од тоа не признава како своја голема заслуга.

„Не, не сум јас херојот. Херои се оние наши играчи на терен кои издржаа една таква тешка битка. И херои се сите наши навивачи на трибините кои од срце ни даваа поддршка и сила за да издржиме до крај“ – истакна по дуелот Акинфеев кој, сосема очекувано, беше прогласен и за играч на мечот.

Се вчитува...