Акинфеев се збогува од „зборнаја“

Досегашниот капитен на фудбалската репрезентација на Русија, Игор Акинфеев (32) се збогува од дресот со националиот грб. Тој ја предводеше „зборнаја“ до четвртфиналето на Светското првенство кое се одржа токму во неговата земја. Акинфеев одлучи да стави крај на репрезентативната кариера со 112 настапи. Повеќе од него има само Сергеј Игнашевиќ кој запиша 127 натпревари.

„Настапот на Светското првенство во мојата татковина беше врв на мојата кариера. Не освоивме медал, но верувам дека не ги разочаравме навивачите. Заминувам од репрезентацијата среќен и горд. Имаме одлична генерација млади фудбалери и не се грижам за иднината на руската репрезентација“, изјави голманот на ЦСКА Москва.

Се вчитува...