Ако мислевте дека „паузата за вода“ е заради фудбалерите – ФИФА од тие паузи ќе заработи пола милијарда долари!

Светското првенство би можело да и донесе на ФИФА до 500 милиони долари приходи од рекламирање за време на паузите за хидратација, според аргентинската специјализирана веб-страница Маркетинг Регистар.

Ова ново правило беше официјално воведена на ова првенство и се применува за првпат во историјата на светските првенства.

Паузите се одржуваат околу 22-та минута од секое полувреме, а ФИФА тврди дека оваа мерка е насочена само за благосостојбата на играчите, особено поради високите температури во некои од градовите домаќини.

Сепак, овие паузи станаа богати рекламни термини што во некои случаи влијаат на продолжението на играта.

Освен што навивачите револтирано го изразуваат своето незадоволство, индивидуални играчи и тренери, исто така, јавно го критикуваа ваквиот формат, вклучувајќи ги Вирџил ван Дајк, Јирген Клоп, Винисиус Жуниор и Дидие Дешамп, кои тврдат дека овие паузи единствено го убиваат ритамот на натпреварот.

Се вчитува...