Ако не дојде до Халанд, Барселона ќе го спроведе „планот Б“

Барселона го посакува во своите редови Ерлинг Халанд од Борусија Дортмунд. Дали ќе дојде до него е прашање, со оглед дека треба да издвои добра сума на пари (100 милиони евра) плус плати кои ќе бара, а сигурно ќе бидат големи.

Доколку не успее, тогаш Барса има „план Б“ кој се вика шведскиот интернационалец Александар Исак.

Исак во моментов игра во Реал Сосиедад. Но, оваа сезона не игра во формата во која беше минатата сезона. Сезонава има еден гол од седум натпревари.

22-годишниот Исак во минатото беше дел од Борусија Дортмунд, а од 2019 е на „Аноета“. Сумата која Барса ќе ја издвои за него е меѓу 35 и 40 милиони евра.

Се вчитува...