Ако не успее со Покетино или Роџерс, Јунајтед ќе го ангажира екс тренерот на Барселона

Маурисио Покетино и Брендон Роџерс засега се главните фаворити да го наследат Оле Гунар Солскјер на клупата на Манчестер Јунајтед. Зинедин Зидан е опција, но тој не сака да зема клубови сред се сезона, па затоа ако го сакаат Зидан, ќе мора да почекаат до лето.

Покетино вчера изјави дека е среќен во ПСЖ и дека ќе го одработи договорот. Роџерс, пак, засега не се огласува, па останува да се види дали некој од овие двајца ќе го превзеде раководењето на „Каталонците“. Ако не успеат со Покетино или Роџерс, најновите информации велат дека има и трета опција, но таа ќе биде со договор до лето.

Опцијата број „три“ се нарекува Ернесто Валверде. Поранешниот тренер на Барса би можел да биде назначен да ја води екипата до крајот на сезоната, а потоа во Јунајтед ќе се отвори место за Зидан кој би можел да биде новиот менаџер на „црвените ѓаволи“.

Се вчитува...