„Ако Нејмар сака да се врати во Барселона, нема веќе роденденски прослави“

Поранешниот потпретседател на Барселона, Џорди Местре откри што се мора да исполни Нејмар, доколку сака да се врати на „Камп ноу“.

„Прво. Барселона и Пари Сен Жермен мора да се договорат околу обештетувањето. Потоа, Нејмар мора да ја повлече тужбата и да и се извини на Барселона. И да не заборавам – третото мора да заборави на роденденските прослави“, изјави Местре. 

Местре беше потпретседател од 2014 до минатата година, кога поради несогласувања со претседателот на клубот, Бартомеу, тој го напушти клубот, од кој беше дел од 2010, кога беше член на Управниот одбор на трофејниот клуб.

Нејмар вообичаено по секоја роденденска прослава се жали на повреда и отсуствува по неколку натпревари, тренд што според Местре мора да биде прекинат доколку Бразилецот се врати назад на „Камп Ноу“.

Се вчитува...