„Ако се здрави, Лејкерс можат до шампионски прстен“

Лос Анџелес Лејкерс имаа сезона за заборав во која покрај сите проблеми не успеаја да се пласираат ниту во плеј-инот на НБА лигата. Не помогна ниту засилувањето наречено Расел Вестбрук, а и покрај тоа што имаше гласини за заминување на „Господинот трипл-дабл“, последните информации се дека тимот од Калифорнија останува со истото ударно трио и следната сезона.

Ретко кој верува дека ветеранскиот тим може да ги надмине големите проблеми и да се спротивстави во битката за титула на тимови како Голден Стејт, Бостон, Мајами…, но еден од овие верува во искусниот тим е поранешниот кошаркар и тренер Марк Џексон.

„Ако се здрави, Лејкерс можат до шампионски прстен. Само доколку се здрави можат да бидат добри во дефанзива од вечер во вечер“, изјави Џексон во подкастот „First Take“.

Се вчитува...