Ал Келаифи флертува со Роналдо: Кристијано е фудбалски уникат

ПСЖ повторно ќе преговара со Барселона за продажба на Нејмар на каталонскиот гигант, а се погласно се шпекулира дека францускиот првак потоа ќе тргне во офанзива по Кристијано Роналдо, во обид уште повеќе да ја засили навалната линија крај Килијан Мбапе. Овие најави уште повеќе добија на тежина откако претседателот Насер Ал Келаифи упати низа комплименти на адреса на португалската фудбалска суперѕвезда.

„Роналдо е фудбалски уникат, тој освои се што можеше да се освои, но сепак е максимално мотивиран секој ден се повеќе да напредува, да оди напред и со себе да го носи својот тим. Неговиот карактер, неговата желба за победа, тоа се работи на кои се воодушевувам и кои треба да бидат пример за сите фудбалери кои ги почнуваат своите кариери и сонуваат да успеат во овој спорт“, изјави Ал Келаифи.

Португалецот има уште една година од актуелниот договор со Јувентус, но со оглед на корона-кризата „старата дама“ би размислувала за негово заминување доколку добие интересна понуда. Парите никогаш не биле проблем за „светците“ од Париз, па се очекува ПСЖ да понуди 50 милиони евра за 35-годишниот Португалец, половина од сумата што Јуве му ја плати на Реал за да го доведе Кристијано на Апенинскиот полуостров.

Се вчитува...