Ал Келаифи ја користи кризата: Газдата на ПСЖ го купува клубот на Алиоски

Сопственикот на Пари Сен Жермен, Насер Ал Келаифи, дефинитивно го купува Лидс Јунајтед, англискиот клуб каде настапува македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски. Медиумите на Островот откриваат дека постигната е согласност сегашниот сопственик, италијанскиот бизнисмен Андреа Радричани, да добие 135 милиони евра и да го продаде мнозинскиот пакет акции на катарските шеици здружени во инвестицискиот фонд QSI (Qatar Sports Investments).

Насер Ал Келаифи е продолжена рака на пребогатиот шеок Тамин бин Хамад ал Тани, најмладиот владетел во арапските земји кој одлучи да преземе и фудбалски клуб во Англија. По подолги преговори, Андреа Радричани одлучи да ја прифати понудата, посебно по кризата што владее поради коронавирусот во целиот свет.

Лидс во текот на 60-те и 70-те години од минатиот век беше еден од најдобрите клубови на Островот, освојувач е на три шампионски титули, од кои последната во 1992 година. Последниот голем успех го имаше на преодот меѓу двата милениума кога играше во полуфиналето на Лигата на шампионите. Поради финансиската нестабилност испадна од Премиер-лигата по завршувањето на сезоната 2003/04 и 16 години се обидува да се врати во елитното друштво.

 

 

 

Се вчитува...