Штрајкот што Кристијано Роналдо го почна во Ал Наср одбивајќи да настапува за овој тим предизвика огромна бура во Саудиска Арабија, но по се изгледа нема да заврши добро за португалската суперѕвезда.
Последните информации говорат дека челниците на фондот ПИФ кој раководи со четирите врвни клубови во оваа земја сега ги разгледува правните опции за да го раскине договорот со португалската суперѕвезда. Коментарите на Роналдо за преферерирање на Ал Хилал во однос на неговиот Ал Наср беа експресно демантирани од челниците на саудискиот фудбал, кои се надеваа дека бурата ќе се мири и Роналдо ќе настапи на петочното дерби со Ал Итихад.
Откако тоа не се случи, челниците на саудискиот фудбал се бесни на фудбалерот кој зема 200 милиони долари годишно, а на ваков начин го наруши угледот на спортот во земјата.
На нив им е јасно дека разделбата е неизбежна, но додека Роналдо планира да остане до јули и потоа да си замине без отштета, Саудијците сега ги разгледуваат опциите за да му го раскинат договорот на Португалецот. Непрофесионализмот, одбивањето да тренира и да игра натпревари се само дел од точките под кои се надеваат дека може да дојде до раскин.
Причината е јасна – Роналдо до јули би добил 100 милиони долари, пари што според богатите Арапи тој не ги заслужува со својот однос, па останува да се види разврската на овој неочекуван конфликт.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

