Алаба и Талјафико следни желби на Гвардиола

Манчестер Сити го доведе Рубeн Диjаз од редовите на Бенфика. Диjаз доаѓа како големо засилување за одбраната, за неговите услуги се платени 70 милиони евра и нема сомнеж дека експресно ќе биде „фрлен во оган“ по очајното издание на Сити и петте примени гола на последниот премиерлигашки дуел со Лестер.

Сепак, менаџерот на „граѓаните“ Пеп Гвардиола не планира тука да застане бидејќи се уште не е задоволен од изгледот на својата одбрана. Како желби на шпанецот се наведуваат искусниот фудбалер на Баерн Минхен, Давид Алаба кој не успеа да добие поголема плата во баварскиот клуб, но и бекот на Ајакс Николас Талјафико кој по се изгледа бара нов предизвик во кариерата.

Како што пренесуваат англиските медиуми еден од овие двајца фудбалери сигурно ќе премине во Манчестер, а останува да се види дали Гвардиола ќе успее да ги доведе и двајцата.

Се вчитува...