Алардајс посакува нов Белгиец во нападот на Евертон

Новиот тренер на Евертон, Сем Алардајс сака да го реши најголемиот проблем на „карамелите“ уште во јануари, а тоа е да доведе нов напаѓач во редовите. „Биг“ Сем го назначи Кристијан Бентеке за трансфер мета број 1, смета дека сонародникот на Лукаку е идеалната замена за местото кое го остави празно по заминувањето на Белгиецот на „Олд трафорд“. Но, за неговите услуги Евертон ќе мора „дебело“ да плати знаејќи дека трансферот на Бентеке од Ливерпул во Кристал палас вредеше 30 милиони фунти.

Летното засилување од Малага, Сандро Рамирез се покажа како тотално промашување, па Шпанецот може да се врати во Примера уште во првиот месе од 2018 година. Руни веќе долго време не игра на позицијата класичен напаѓач, а настапите на Ниасе и Калверт – Луин не го задоволуваат апетитот на Алардајс, па затоа се сврте кон неговиот поранешен клуб со цел да ја зајакне неговата нова екипа.

Сепак, купувањето на Бентеке нема веднаш да ги реши проблемите на Евертон, бидејќи самиот фудбалер не е најдобра форма. До колото кое се одигра викендов во Анлија, Бентеке немаше затресено мрежа цели седум месеци, но се разигра во саботата против Лестер откако погоди за 1-0, а потоа му асистираше на Заха за вториот гол во победата од 3-0 над „лисиците“. 27-годишниот голгетер ќе мора почето да го наоѓа патот го противничките мрежи доколку сака да го облече синиот дрес на клубот од Мерсисајд.

  

Се вчитува...