Аларм во Јувентус: Барса го „краде“ Де Лихт

Трансферот на Матијс де Лихт во Јувентус се чинеше како завршена работа, но ситуацијата се искомпликува откако „старата дама“ реши да се пазари со Ајакс во обид да ја намали сумата што холандксиот првак ја бараше за својот капитен. Целата ситуација би можеле да ја искористат челниците на Барселона, кои се подготвени „во пет до дванаесет“ да реагираат и да го „украдат“ новиот холандски фудбалски бисер пред носот на „старата дама“.

Ајакс прифати 75 милиони евра и од Барселона и од ПСЖ, но фудбалерот ги договори личните услови со Јувентус и се очекуваше и италијанскиот првак да ја прифати истата сума што Холанѓаните претходно ја договараа со останатите заинтересирани клубови. Јуве ги шокирал челниците на Ајакс со понуда од 55 милиони евра, плус дополнителни 10 преку бонуси, која не само што била одбиена, туку придонела холандскиот шампион повторно да размислува за останатите опции за продажба на Де Лихт.

Барса се нема откажано од дефанзивецот, има одлични односи со Ајакс од преговорите за Де Јонг, па каталонскиот гигант е подготвен да ги активира преговорите со Де Лихт и да го убеди овој фудбалер да се пресели на „Камп Ноу“.

Се вчитува...