Аларм во Мадрид: На „Бернабеу“ пристигнуваат две нови „ѕвезди“

Најтрофејниот клуб во Лигата на шампионите, Реал Мадрид очајно ја почна сезоната во елитното натпреварување. Во домашното првенство играат солидно, но во Лигата на шампионите се наоѓаат во големи проблеми, бидејќи по два натпревари имаат освоено само еден бод. Поради тоа Зинедин Зидан во јануари планира дополнително да го засили тимот со двајца нови играчи.

Првиот е Кристијан Ериксен кој не е задоволен во Тотенхем, поради како што се шпекулира скандалот поврзан со неговата сопруга и соиграчот Јан Вертонген. „Кралевите“ се подготвени да ја искористат ситуацијата и за мала сума да го донесат во своите редови, бидејќи следното лето истекува неговиот договор со клубот од Лондон.

Вториот фудбалер за кој е заинтересиран Зидан, е младата ѕвезда на Ајакс, Дони ван ден Бек. Тој вреди околу 50 милиони евра, а по заминувањето на Де Лихт и Де Јонг прерасна во една од главните алки на клубот од Амстердам. Сепак, за да може да стигне Ван ден Бек на „Бернабеу“, „кралевите“ ќе мора да се решат од Маријано и Брахим Дијаз.

Се вчитува...