„Аларм“ во Манчестер Сити: Де Брујне под прашалник за Реал Мадрид

Манчестер Сити на 9. април гостува на Реал Мадрид во рамките од првиот 1/2 финален меч во Лигата на шампионите. Во англискиот клуб наводно е веќе запален алармот, затоа што белгискиот фудбалер Кевин Де Брујне е под знак прашалник за натпреварот.

Сити покрај тоа што има предизвик да влезе во финалето во Лигата на шампионите, има и битка за титулата во Премиерлигата, а неиграње на Де Брујне и тоа како може да влијае на нивните цели во финишот на сезоната.

Де Брујне, кој со две асистенции беше еден од најзаслужните за победата над Арсенал (4:1), побарал замена во 80. минута, а следниот меч против Фулам не настапи. Гвардиола кажа дека не бил во комбинација поради ситна повреда и поради тоа што не се чувствувал добро, а менаџерот на Сити не знаеше да одговори на прашањето кога играчот од средниот ред ќе се врати на терените.

Се вчитува...