Аларм во НБА: 48 позитивни на коронавирус!

НБА лигата и асоцијацијата на играчи објавија дека 48 од вкупно 546 тестирани кошакари се позитивни на Ковид-19 по задолжителното тестирање во пресрет на тренинг периодот пред почетокот на новата сезона.

„Секој кој беше позитивен на задолжителното тестирање на тимскиот камп е во изолација се додека не им е дозволено да ја напуштат изолацијата според правилата кои се поставени од страна на НБА лигата и асоцијацијата на играчи“ – стои во соопштението објавено од лигата.

Ситуацијата на почетокот на тренинг периодот во НБА лигата е сличен со оној пред „балонот“ во Орландо.

Се вчитува...