Аларм во Реал Мадрид: Повреда на важен првотимец пред клучниот меч со ПСЖ

Карло Анчелоти се соочува со сериозен проблем пред реваншот од Лигата на Шампионите против ПСЖ, меч за кој стратегот на Реал Мадрид речиси сигурно нема да може да смета на Тони Крос.

Германскиот ас со години важи за еден од најзначајните фудбалери во таборот на „кралскиот клуб“, но Крос се пожалил на болка во мускулите и првите прогнози не се охрабрувачки за стручниот штаб на Реал. Имено, Германецот дефинитивно ќе го пропушти мечот со Реал Сосиедад во Ла Лига, а речиси сигурно нема да биде во комбинација ниту за пресметката со ПСЖ, на која „кралевите“ ќе бркаат негатива од еден гол по поразот на „Паркот на принцовите“.

Проблемите за Анчелоти се уште поголеми ако се знае дека реваншот во Мадрид поради суспензија ќе го пропушти и Кашемиро, оставајќи сериозни проблеми за составувањето на средниот ред на овој дуел.

Се вчитува...