Алармот во Јунајтед е запален по поразот од Кристал Палас – Солскјер ги носи Санчо, Телјес…

Манчестер Јунајтед со пораз од Кристал Палас ја стартуваше новата сезона во Премиер-лигата. „Црвените-ѓаволи“ не беа на своето ниво и заслужија да загубат и поубедливо. По мечот веднаш е запален алармот во клубот и веќе се разговара за доведување на нови фудбалери со кои клубот треба да биде конкурентен за врвот во англискиот шампионат.

Иако изгледаше дека Оле Гунар Солксјер се откажа од Џејдон Санчо, сепак од „Олд Трафорд“ ќе се обидат со последна понуда од 120 милиони евра да го доведат одличниот Англичанец кој веќе со Борусија Дортмунд ја стартуваше новата сезона. Покрај Санчо на радарот на Манчестер Јунајтед е и Алекс Телјес кој би требало да ја засили дупката која ја има тимот на левата бековска позиција.

Иако штоперската позиција е најпроблематична во клубот, а навивачите како главен виновник за поразот од Палас го посочуваат Виктор Линделоф, сепак од Манчестер Јунајтед не размислуваат за доведување на нов штопер во сезоната во која по се изгледа ќе имаат големи проблеми.

Се вчитува...