Алба го пропушта првиот натпревар против Наполи во ЛШ

Левиот бек на Барселона, Жорди Алба, ќе го пропушти првиот натпревар од осминфиналниот двомеч во Лигата на шампионите против Наполи. Алба го напушти теренот во 20. минута од мечот против Хетафе поради повреда на препоните.

По Луис Суарез и Осман Дембеле, Барселона останува без уште еден важен фудбалер. Алба ќе биде надвор од терените две до три седмици, што значи дека сигурно тренерот Кике Сетиен нема да може да смета на првиот натпревар кој ќе се игра во Неапол. Извесно е дека ќе го пропушти и мечот со Еибар во следното коло од Ла Лига, а би требало да биде подготвен за „Ел Класико“ кое е закажано за 1. март.

Се вчитува...