Алба: Од надвор ни фрлаат гомна, а ние внатре во клубот се гаѓаме со нив

Левиот бек на Барселона, Жорди Алба му се придружи на Лионел Меси во критиките кон Ерик Абидал. Французинот во интервју објави дека одлуката за отказ на Ернесто Валверде е донесена откако е утврдено дека многу фудбалери не се задоволни и дека постои проблем во интерната комуникација. Меси беше разочаран од тие коментари, а веднаш почнаа и шпекулациите за негово заминување од клубот.

„По клубот доволно с**ат луѓе кои не се поврзани со него, затоа не би требало тоа да го правиме и ние кои сме внатре. Од надвор ни фрлаат гомна, а ние внатре во клубот се гаѓаме со нив. тоа е вистината. Се знае каде е границата. Абидал беше фудбалер на Барселона. Навивачите го сакаат и затоа треба да знае како е тоа да се биде во соблекувалната и како се чувствуваат фудбалерите“, изјави Алба. 

Останува да се види епилогот од целата ситуација, но како стојат работите Абидал е на излезна врата од „Камп ноу“.

Се вчитува...