Данскиот шампион Алборг потпиша со еден од најталентираните средни бекови во европскиот ракомет, репрезентативецот на Фарски Острови, Елиас Елефсен Скипаготу.
По епизодата во германски Кил, 24-годишниот ракометар сега потпиша за уште еден европски ракометен гигант.
Претходно во својата кариера, Скипаготу настапуваше и за шведски Севехоф, а од 2023 година беше во Кил, по што се наметнува како еден од најдобрите млади плејмејкери во Европа.
Скипаготу досега има и 31 настап за репрезентацијата на Фарските Острови, а во 2024 година беше избран од ИХФ за „Најдобар млад играч на годината“.
Минатата сезона 2025/26 ја заврши како најдобар стрелец на Кил со 150 гола на 22 натпревари во Бундес лигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
