Алборг со нова „бомба“: По Хансен, доаѓа уште една ракометна „суперѕвезда“

Алборг со ангажманот на Микел Хансен од 2022 година направи потрес во ракометна Европа, а данскиот клуб во меѓувреме подготви уште една „бомба“. Арон Палмарсон би требало да го облече дресот на Алборг веќе од наредната сезона, откако исландскиот ас ги договорил условите за соработка со данскиот гигант, кој покажува решеност да создаде дрим-тим со кој би атакувал и на највисок пласман во Лигата на Шампионите.

Палмарсон е под договор со Барселона, но истиот истекува на крајот од сезонава, а Исланѓанецот веќе ја одбил понудата за продолжување на соработката со каталонскиот гигант. Тој им соопштил на челниците на Барса дека веќе го има договорено следниот чекор во кариерата, кој според неофицијалните информации е токму преселба во Алборг.

Арон Палмарсон е член на Барселона од 2017 година, кога пристигна во овој клуб од редовите на Веспрем. Покрај овие два европски гиганти, исландскиот бек има настапувано и за актуелниот европски првак Кил, во периодот од 2009 до 2015 година.

Се вчитува...