Алегри ги разочара фановите на Јуве: Целта е финале на Купот и 4. место во Серија „А“

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри уште еднаш докажа дека „крева раце“ од титулата во Италија, и дека неговиот тим ќе се бори за Купот на Италија, и за излез во Лигата на шампионите следната сезона.

Ова е разочарување за фановите на Јуве, со оглед дека „Бјанконерите“ се доближија на седум бодови од првото место, но според Алегри, тимот мора да се движи чекор по чекор.

„Минималната цел е финалето на Купот и четвртото место во Италија. Ги плаќаме грешките од почетокот на сезоната, но ја вративме самодовербата. Борбата за 3. место со Интер е веќе голем успех. Не се бориме за Скудетото, но од јануари направивме значителен напредок и мораме да се бориме чекор по чекор“, рече Алегри.

Се вчитува...