Кларенс Сидорф е без сомнение еден од најдобрите фудбалери за врска во неговата генерација. Играше за голем број европски великани, а најголем белег остави во Милано.
Тој го носеше дресот на „росонерите“ цели десет години. Токму на „Сан Сиро“ тој го доживеал најголемото понижување во кариерата. Тоа се случило во сезоната кога за тренер бил назначен Масимилијано Алегри. Холанѓанецот се пожалил зошто ќе остане на клупата, а потоа стигнала уште поголема казна.
“Еднаш го оставив Сидорф на клупата два натпревари по ред. Тој се пожали дека никогаш не му се случило такво нешто, па му реков – Подготви се, допрва ќе седиш на клупата за резервни играчи”, се присетува големиот стручњак.
После таа сезона, Сидорф отиде во Ботафого каде играше две години и на крајот ги остави своите фудбалски копачки, официјално заминувајќи во пензија. Во својата кариера Сидорф играше за Интер, Реал и Ајакс. Тој е единствениот играч во историјата што ја освоил Лигата на шампионите со три различни клуба (Милан, Ајакс и Реал).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА