Алегри има нова желба: Иско и Канте да и се приклучат на „дамата“

Италијанскиот првак Јувентус направи фантастична работа со ангажманот на Кристијано Роналдо, но тренерот Масимилијано Алегри има нови желби за следната сезона. Тој посакува да изгради навистина моќен тим, а планот е да го реновира средниот ред. На неговиот список на посакувани засилувања се наоѓаат двајца играчи за врска, а Јувентус ќе треба да купува повторно од Реал Мадрид, и од Челси.

Иско Аларкон, шпанскиот репрезентативец кој оваа сезона конечно доби поголема шанса во „кралскиот клуб“, и Нголо Канте, најдобриот играч во светот на позицијата последен играч за врска, се желбите на Алегри. Со оглед дека се врвни играчи, тоа и ќе го чини Јувентус навистина многу пари.

Иско е проценет на околу 70 милиони евра, но има актуелен договор со Реал Мадрид и отштетна клаузула од 750 милиони евра. Нголо Канте би можел да пристигне во Торино за околу 80 милиони евра. Тоа е, сепак, сериозна задача за расководството на „старата дама“.

 

Се вчитува...