Алегри: Кејн е фантастичен, но јас повеќе го сакам Игуаин

Возбудувањата од нокаут фазата во Лигата на шампионите ќе стартуваат со суперинтересниот дуел меѓу Јувентус и Тотенхем, два тима што играат одличен фудбал и оваа сезона. Стратегот на „старата дама“, Масимилијано Алегри, има само пофални зборови за својот денешен противник, свесен дека неговиот тим го очекува тешка битка за да обезбеди пласман во четвртфиналето.

„Ќе биде тешко, треба да играме и со глава, но и цврсто со телата бидејќи Тотенхем има силен тим, што не се плаши да влегува во дуели. Не би рекол дека овој меч може да заврши 0-0, говориме за две екипи со исклучителни опции во нападот“ – изјави Алегри.

А во нападот ќе можеме да проследиме дуел на двајца врвни голгетери, Гонзало Игуаин од едната и Хари Кејн од другата страна.

Кејн и Игуаин двајцата се врвни голгетери, но јас сепак екогаш би го избрал Гонзало. Тој ја има големината да ги решава најважните натпревари и знае дека ја има мојата максимална доверба“ – истакна шефот на стручниот штаб на „старата дама“.

Алегри се соочува со сериозни проблеми бидејќи нема да може да смета на повредените Дибала, Матуиди и Барѕалји.

Се вчитува...