Алегри конечно го пофали Влаховиќ: Тој е како Халанд и Мбапе

Душан Влаховиќ одличната форма од Фиорентина ја преслика на во редовите на Јувентус каде се наметна како еден од најдобрите играчи на тимот со пет гола и две асистенции на единаесет одиграни натпревари.

Па со тоа конечно доби и пофалба од страна на тренерот Масимилијано Алегри кој на почетокот наоѓаше мана во неговата игра, но сега го спореди со Халанд и Мбапе.

„Тој е млад играч и нема меѓународно искуство, но има квалитет. Сака и може да напредне и има време тоа да го направи. Немилосрден е пред голот и за нас е големо засилување. Тој, Мбапе и Халанд се најдобрите играчи на новата генерација“, изјави Алегри.

Се вчитува...