Алегри: Мората останува 100%, крај на приказната

Масимилијано Алегри ја затвори вратата за заминување на Алваро Мората во Барселона, откако тренерот на Јуве објави дека „старата дама“ нема да дозволи шпанскиот голгетер да си замине до крајот на сезонава.

Мората има „дил“ со каталонскиот гигант, но овој трансфер нема да се реализира поради неможноста Јувентус да донесе нов врвен голгетер во текот на јануарскиот преоден рок.

„Јас и директорот на клубот се сретнавме со Алваро Мората и му ја соопштивме одлуката – тој не е за продажба. Алваро е под договор со нас, ние не планираме да се разделиме и нема сомнеж дека тој ќе остане до крајот на сезонава. Мората останува 100%, крај на приказната“, изјави Алегри на денешната прес-конференција.

Тренерот на Јувентус додаде дека единствениот што ќе замине од тимот во овој преоден рок е Арон Рамзи, за кого се преговара да се врати назад во Премиер-лигата откако велшкиот ас воопшто не се снајде по трансферот од Арсенал.

Се вчитува...