Алегри по елиминацијата на Јувентус од ЛШ: Вилјареал само се бранеше

Јувентус доживеа уште еден срам во „кремот“ на европскиот фудбал откако преживеа нова елиминација во осминафиналната фаза. Овој пат подобар од „старата дама“ беше Вилјареал кој во Торино славеше со 3-0 благодарение на головите на Морено, Торес и Танџума.

По натпреварот тренерот Масимилијано Алегри изјави дека противникот карактеристично само се бранел, а и нема што да им замери на неговите играчи.

„75 минути бевме подобрата екипа и во првото полувреме имавме многу шанси за гол. Во второто Вилјареал одигра така како што секогаш игра, сите играчи застанаа зад топката и само се бранеа. Тоа е фудбалот и Лигата на Шампионите, но на моите играчи не можам да им замерам баш за ништо“, изјави искусниот италијански стартег.

Се вчитува...