Алегри повторно незадоволен: Влаховиќ има уште многу да учи

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри не е незадоволен од освоениот бод во градското дерби против Торино (1-1), откако тимот од Торино повторно одигра слаб натпревар.

Алегри и овој пат не испушти да упати критики, па повторно се осврна на играта на Душан Влаховиќ.

„Душан се бореше. Тој е несомнено добар играч, но мора уште многу да учи. Не смееме да заборавиме дека дојде од тим кој има добра сезона, но играше само еднаш неделно. Му треба поголема кондиција, сакам да го гледам насекаде на теренот“, изјави Алегри.

Иако „Старата дама“ не победи, Алегри не е во целост незадоволен.

„Бодот е важен, бидејќи со него ја продолжуваме серијата добри резултати во последните два-три месеци. Не беше лесно, не се истакнавме, но одигравме добар натпревар. Парадоксално, примивме гол во најдобриот период од играта“, заклучи Масимилијано.

Се вчитува...