Алегри: Роналдо и Дибала ќе играат со Болоња, одмор за Кјелини

Масимилијано Алегри ќе направи неколку промени во тимот на Јувентус за утрешниот меч со Болоња, но тие нема да се однесуваат на Кристијано Роналдо и Пауло Дибала. Во ситуација кога Даглас Коста е суспендиран, стратегот на Јуве нема да ги ротира португалскиот и аргентинскиот офанзивец, кои ќе бидат негови главни адути и на дуелот со „болоњезите“.

„Ќе има неколку промени во тимот, но Роналдо и Дибала ќе играат со Болоња. Одмор ќе добие Кјелини, како и голманот Шчешни, па деби на голот ќе има Перин. Исто така, утре ќе донесеме одлука кои фудбалери ќе настапат на бековските позиции, каде размислувам да му дадам одмор на Алекс Сандро“ – истакна Алегри.

Роналдо постигна три гола во претходните две кола, додека Дибала се уште е во исчекување на својот премиерен погодок сезонава.

Се вчитува...