Алегри: Роналдо? Во Италија тешко се даваат голови…

Јувентус успеа да слави на „Енио Тардини“ против Парма со 1-2, а Кристијано Роналдо и на овој натпревар не се запиша во листата на стрелците. Еуфоријата за Португалецот во Италија е толку голема, што повеќе се пишува дали Роналдо ќе погоди, отколку дали „старата дама“ ќе победи. Квалитетот на Јувентус секако му носи одредена предност пред секој ривал во италијанската Серија А.

Тренерот Масимилијано Алегри сепак ја заштити новата ѕвезда, истакнувајќи дека е задоволен од играта на Ронадо, и покрај тоа што не беше стрелец.

„Парма е квалитетен тим и имавме навистина тешка задача да дојдеме до победата. Но, Јувентус има победнички карактер и момците одработија речиси совршено и на овој меч. Ме воодушеви Манџукиќ, не очекував дека толку брзо ќе влезе во форма, со оглед дека играше до самиот крај на Мундијалот во Русија. Но, тој е многу благодарен фудбалер. Роналдо/ Задоволен сум од неговата игра. Не даде гол, тоа е точно…Но, во Италија тешко се даваат голови“, истакна Масимилијано Алегри.

 

Се вчитува...