Алекс Сандро е на чекор до Челси

Челси лани во голем стил ја освои титулата во Премиер-лигата, но Антонио Конте е свесен дека ќе му бидат неопходни нови засилувања во новата сезона, во која покрај одбраната на титулата го очекува и настап во Лигата на шампионите. Бакајоко од Монако ќе биде првo засилување на „сините“ од Лондон, а веднаш по комплетирањето на неговиот трансфер се очекува на „Стемфорд бриџ“ да пристигне и Алекс Сандро.

Левиот бек на Јувентус е голема желба на Антонио Конте, а управата на Челси со неговиот ангажман очекува да го убеди и самиот стратег за потпишување на нов долгогодишен договор. Јувентус на почетокот од овој месец одби 40 милиони фунти од Манчестер сити за Сандро, но понудата на Челси од над 50 милиони фунти беше премногу добра за да биде одбиена.

Директорот Марота исто така потврди дека преговорите за продажба на Сандро се во тек, а според последните информации разговорите со Челси се влезени во завршна фаза. Самиот фудбалер исто така изразил желба да се пресели на „Стемфорд бриџ“, така што личните услови не би требало да бидат проблем, па трансферот би можел да се официјализира во текот на следната седмица.

Се вчитува...