Алекс Телјес е подготвен на се, само да дојде во Манчестер Јунајтед

Десниот бек на Порто Алекс Телјес е подготвен буквално на се само да премине во Манчестер Јунајтед. Тој изјавил дека голема желба е да настапува за тимот од „Олд Трафорд“ и како што пренесуваат англиските медиуми веќе ги договорил личните услови со клубот.

Единствен проблем во трансферот на Бразилецот претставува неговата откупна клаузула која изнесува 40 милиони евра. Од таборот на „црвените-ѓаволи“ прават се што е во нивна моќ како би ја намалиле сумата на трансферот која според нив е преголема.

27-годишниот Телјес во Порто е од 2016 година каде дојде од турскиот Галатасарај, а претходно една сезона беше на позајмица и во калчолигашот Интер.

Се вчитува...