Алекс Телјес ќе го засили Атлетико Мадрид

Бразилскиот интернационалец Алекс Телјес во летниот преоден рок ќе го напушти Порто и ќе се пресели во Атлетико Мадрид, информираат шпанските медиуми. Тој ги договорил деталите за негова преселба на „Ванда Метрополитано“.

Тренерот Диего Симеоне во него гледа одлично решение за левата странична позиција. Телјес треба да ги наследи Лукас Хернандез кој ќе се пресели во Баерн Минхен и Филипе Луис, кој исто така ќе замине од клубот.

Атлетико Мадрид за Телјес ќе плати 30 милиони евра. Тој во 2016 година од Галатасарај дојде во Порто за сума од 6,5 милиони евра.

Се вчитува...