Алекс Телјес од Порто доаѓа на „Олд Трафорд“

Англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед го договори трансферот на дефанзивецот на Порто, Алекс Телјес, тврдат медиумите на Островот. Левиот бек се согласил да потпише петгодишен договор  со „црвените ѓаволи“. Ова е одговорот на Оле Гунар Солскјер откако Јунајтед ја загуби трката со Тотенхем за Серхио Регуилон од Реал Мадрид.

Солскјер инсистираше да биде доведено ново засилување за левата бековска позиција, се насочи кон 27-годишниот Бразилец за кој интерес покажа и Пари Сен Жермен. Телјес има договор со Порто до јуни 2021 година, па португалскиот клуб е подготвен да го продаде сега, наместо следното лето да го загуби како слободен агент.

Алекс Телјес откако ќе пристигне на „Олд Трафорд“ и ќе ги мине медицинските прегледи треба да потпише договор на пет сезони и да заработува 90.000 фунти неделно.

 

Се вчитува...