Алекс Телјес потпиша за Манчестер Јунајтед

Бразилецот Алекс Телјес е нов фудбалер на англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед. Тој потпиша четиригодишен договор, со опција да ја продолжи соработката и за уште една сезона. Левиот бек на Порто конечно го релизираше неговиот трансфер од соништата, а менаџерот Оле Гунар Солскјер доби одличен играч за страничната позиција.

Телјес пет сезони беше дел од Порто, постигна 26 гола и забележа преку 50 асистенции.

„Освоив многу трофеи со Порто, сакам истото да го продолжам и со Манчестер Јунајтед. Огромна чест е да се биде дел од овој клуб. Ветувам од срце дека ќе го дадам и последниот атом од силите за да имаме успеси“, изјави Алекс Телјес по потписот на договорот.

Се вчитува...