Александар Џикиќ е позитивен на коронавирус

Поранешниот селектор на Македонија, Александар Џикиќ, е позитивен на коронавирус и ќе мора да го пропушти денешниот дуел од АБА-лигата против Борац Чачак.

Информацијата ја објави неговиот клуб Будуќност, преку соопштение информирајќи дека српскиот стратег бил позитивен на последното тестирање во Подгорица пред заминувањето за Чачак.

„Александар Џикиќ беше позитивен на последното тестирање за коронавирус извршено од клубот. Тој има благи симптоми, веднаш замина во самоизолација и остана во Подгорица. По неговиот позитивен тест, сите останати членови на тимот беа уште двапати тестирани и сите беа негативни. Му посакуваме на нашиот тренер брза рехабилитација“, објави Будуќност.

Се вчитува...