Александар Ѓурковски ново засилување за Шкупи

Александар Ѓурковски е деветтото засилување за Шкупи, пресрет новата сезона. 19-годишниот одбранбен играч во Чаир доаѓа од редовите на Вардар каде настапуваше минатата сезона.

„Сакам да и се заблагодарам на управата на клубот и тренерот Гоце Седлоски, за довербата и дадената можност да бидам дел од Шкупи. Знам дека се очекува многу од тимот како во домашното првенство, така и на меѓународна сцена. Токму тоа беше причината што решив да потпишам“ изјави Ѓурковски.

Прв предизвик за Шкупи во новата сезона е мечот од првото коло во Конференциската лига на УЕФА против Лапи кој е закажан за во четврток.

Се вчитува...