Александар Љафтов со трансфер во Бугарија

Добрите игри во Европската лига беа доволна препорака за трансфер на македонскиот репрезентативец Александар Љафтов, кој својата кариера ќе ја продолжи во Бугарија. Хебар од Пазарџик е новиот клуб на македонскиот интернационалец, кој ја прифати понудата за едногодишна соработка со овој клуб.

Љафтов се сели во Бугарија по одличната сезона што ја имаше во Хрватска како член на Младост, тим со кој стигна до титулата, а воедно и беше избран за МВП на хрватскиот шампионат. Тој од претходно има и титула во Македонија со Работнички, како и во Ирак со екипата на „Саут Гас компани“.

Се вчитува...