Александар Петровиќ се врати на клупската кошарка

Хрватскиот тренер Александар Петровиќ повеќе не е селектор на бразилската репрезентација со цел да и се посвети на клупната кошарка и новиот ангажман во редовите на Песаро.

Петровиќ беше дел од Бразил од 2017 година и успешно ја водеше јужноамериканската репрезентација на Светското првенство во Кина во 2019 година, но не успеа да се пласира на Олимписки игри во Токио откако во финалниот натпревар на квалификацискиот турнир кој се играше во Сплит загуби од Германија.

За Хрватот новиот ангажман воедно значи и враќање во Песаро каде помина една година како играч во сезоната 87/88. За Петровиќ ова ќе биде првиот клупски ангажман по кратката епизода во Лиетувос Ритас во 2014 година.

Се вчитува...