Александар Ставрев ќе суди во Израел

Најдобриот македонски фудбалски судија, интернационалецот Александар Ставрев од страна на Судиската комисија на УЕФА е одреден да го суди реванш мечот од Конференциската лига на Европа во Израел меѓу Макаби Хаифа и  Нефчи од Азербејџан. Ќе му помагаат Дејан Костадинов и Гоце Петрески. Четврти судија ќе биде Дејан Јакимовски. Средбата ќе се одигра  во Хаифа на 26 август. Првиот меч во Баку заврши без победник 3-3.

Пред две недели Ставрев беше главен судија на Кипар меѓу Анортозис и Рапид Виена (2-1).

Пред една недела Васко Дојчиновски, кој е на делегатската лига на УЕФА од Македонија, патуваше за Израел каде беше делегат на мечот од Конференциската лига на Европа меѓу Хапоел Бер Шева и кипарскиот клуб Анортозис  кој заврши без победник 0-0.

Генералниот секретар  на ФФМ, Филип Поповски од страна на УЕФА беше одреден да биде директор на организацијата на натпреварот од квалификациите за Лига на шампионите во Загреб на 24. август меѓу Динамо и Шериф од Молдавија, но откажа поради обврските околу организацијата на мечот меѓу Македонија и Ерменија во квалификациите за светското првенство што ќе се одигра во Скопје на 2. септември.

/М.М/

Се вчитува...