Александар Ставрев контролор во Норвешка, Ива Пројковска на семинар на УЕФА

Поранешниот наш најдобар фудбалски судија Александар Ставрев. сега на контролорската листа на УЕФА, доби задача да го контролира судењето во првото коло од групната фаза во Лига на Европа на мечот меѓу Лилестрам од Норвешка и СЦУ Торенсе од Португалија.Средбата се игра на 18 септември.

Нашиот најдобар женски фудбалски судија Ива Пројковска присуствуваше во Женева на задолжителниот семинар кој секоја година го организира УЕФА пред стартот нa новата сезона на кој приствуваат сите 20 елитни европски судии заедно со главните судии од прва категорија.

Патуваше и членот на ФФМ Дрилон Ганиу кој беше делегат во Истанбул на средбата мегу Фенербахче и Рома во рамките на младинската лига на Европскит фудбалски шампиони.

М.М.

Се вчитува...