Александар Таневски ќе биде нов тренер на Тиквеш, по оставката на Влатко Костов.
Раководството на кавадаречкиот прволигаш откако ја прифати оставката на Костов, меѓу неколку можни кандидати, се одлучи довербата да ја додели на Таневски кој наскоро се очекува и официјално да биде промовиран на клупата на Тиквеш.
Таневски претходно беше тренер на Македонија ЃП и на Академија Пандев на домашната фудбалска сцена.
Ова е четврта тренерска смена за краток период во Првата македонска фудбалска лига. Промени имаше во Академија Пандев, во Шкендија и во Шкупи. Нов тренер на Академија Пандев е Александар Васоски, а наскоро се очекуваат именувања во Шкендија и во Шкупи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА