Александер-Арнолд: Кариерата ќе ја завршам во Ливерпул

Десниот бек на Ливерпул Трент Александе-Арнолд вели дека може да се замисли целата кариера да ја помине во европскиот шампион Ливерпул. Арнолд беше дел од тимот на сите мечеви во Премиер-лигата сезонава во кои Ливерпул е на чекор до освојување на шампионатот по пауза од 30 години.

„Можам да се замислам целата кариера да ја поминам во Ливерпул. Никогаш не размислував за играње во странство. Секогаш сум го сакал Ливерпул, навивав за него, а сега и играм во омилениот клуб. Никогаш не сум имал причина да заминам, се надевам дека така ќе биде и во индина“, изјави Арнолд. 

Покрај Ливерпул тој вели дека од дете навива и за каталонскиот гигант Барселона.

Се вчитува...